НЕВРАБОТЕНИОТ ЖЕРНОВСКИ ОДРЖА БЕСЦЕЛНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА, ЗА ДА СИ ЗАРАБОТИ ПАУШАЛ ОД СДСМ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Со денешниот настап, Жерновски само уште еднаш потврди дека е дел од талогот на СДСМ кои што цел живот се на некаква функција, државна или партиска и кои за да ги задржат фотелјите, немаат проблем да прелетаат од една во друга партија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

61

Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во реалниот сектор, а сега, како што и самиот кажа пред извесно време, невработениот Андреј Жерновски, се јави од говорница на СДСМ – веројатно да си го заработи партискиот паушал, инаку како би живеел фамилијарен човек, ако е невработен и нема извор на егзистенција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Андреј Жерновски.

„И за да си го заработи лебот со пари украдени од народот од предавничката СДСМ, Жерновски држеше бесцелна прес-конференција, во која зборуваше сè и сешто, а не кажа ништо. Во однос на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски повторно се служи со наслови од медиуми, затоа што не може да најде ниедна изјава, затоа што таква изјава не постои. Ќе се задржиме уште само на едно нешто од бесцелната и тотално безидејна прес-конференција, зборува за слобода за говор, а од телевизија и медиуми не се симнати, измислуваат теми, сакаат да прават насилни инциденти и одат чекор понатаму, шират страв и паника само за јавно и медиумско внимание“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Со денешниот настап, Жерновски само уште еднаш потврди дека е дел од талогот на СДСМ којшто цел живот се на некаква функција, државна или партиска и кои за да ги задржат фотелјите, немаат проблем да прелетаат од една во друга партија, се додава во реакцијата.

„Народот одамна го има прочитано и проценето овој талог од остатокот на СДСМ и затоа неколку изборни циклуси со ред жестоко ги казни и ги испрати во длабока опозиција, а на следните со сигурност ќе ги испрати и во темната страната на историјата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини