ПО ПОЖАРОТ ВО ОМИШ 7 ЛУЃЕ СЕ НА РЕСПИРАТОР, МЕЃУ КОИ И МАЛОЛЕТНИЧКА Некои имаат изгореници на 60% од телото
Поради големиот број пациенти се разгледува можноста дел од нив да бидат префрлени на лекување во Загреб.
Пради огромниот пожар во Омиш и околината во текот на ноќта и во петокот, вкупно 40 повредели луѓе се згрижени во сплитската болница, од кои 14 се хоспитализирани, а 7 од нив се на респоратори. На респиратор е и една малолетничка на возраст од 17 години, која е тешко повредено, но нејзиниот живот не е во опасност.
Меѓу повредените има и тешко повредени со изгореници и повреди од инхалација на чад, како и со искршеници при евакуацијата.
Заменик-директорот на болницата во Сплит, д-р Марко Јукиќ, изјави дека дежурните служби се засилени во текот на ноќта и дека на работа се повикани и лекари кои биле на одмор или надвор од должност.
Раководителот на Институтот за пластична хирургија, Јосип Бановиќ, изјави дека поради големиот број пациенти се разгледува дел од нив да бидат префрлени на лекување во Загреб.
Кај тешко изгорените пациенти, зафатената површина на телото се движи од приближно 15 до 60 проценти, додаде тој.
Меѓу повредените има претежно хрватски државјани, но и двајца странци, еден Германец и еден Полјак.