МОЖНО НЕВРЕМЕ ВО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА Дожд и засилен ветер во Струга и во Струмица

353

Пороен дожд, засилен ветер и грмежи има во околината на Струга и во околината на Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР денеска предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град.






Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар…

Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Поврзани содржини