📽️ ЗЕЛ БРЕМЕНА ЖЕНА КАКО ЗАЛОЖНИК, ПА БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА Потерата завршила со 8 искршени возила
Осомничениот не застанал кога полицијата го забележала возилото, по што започнала потера во сообраќајниот метеж. Случајот предизвикал големо внимание во американските медиуми.
Вооружен маж, наводно, држел бремена жена како заложник, а потоа, бегајќи од полицијата, предизвикал потера низ сообраќајниот метеж во областа на Бостон, при што удрил и оштетил осум возила.
Околу 7:20 часот наутро во средата, 12 август, полицијата на сојузната држава Масачусетс добила пријава дека лице за кое се сомнева дека е заложник се наоѓа во теренско возило (SUV) на северната страна на автопатот Interstate 93 во Квинси, Масачусетс, и дека осомничениот му се заканува со огнено оружје, објави „Boston.com“, повикувајќи се на полицијата.
HIGHWAY CHAOS: New video shows a person being taken into custody by state troopers following a wild chase through morning traffic on the Expressway. pic.twitter.com/ykEOxp5zZU
— Boston 25 News (@boston25) August 12, 2026
Кога полицајците го забележале возилото, возачот не застанал, по што започнала полициска потера.
Полицијата на Масачусетс го идентификувала осомничениот како 31-годишниот Доминик Хемптон-Бојд од Дорчестер, Масачусетс.
Тој, според информациите на „CBS Boston“, се очекуваше во четврток, 13 август, да се појави пред судот во Квинси.
Кристен Ек, новинарка која го следи сообраќајот за WBZ NewsRadio 1030, објавила снимки од полициската потера на својата страница на „Фејсбук“.
– Беше како да гледате нешто од филм за Џејмс Бонд – изјавила Ек за „CBS Boston“, додавајќи дека во 29 години работа во WBZ Radio никогаш не видела нешто слично.