УАПСЕНИ 474 ЛУЃЕ ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ ВО ФРАНЦИЈА Дури 183 од приведените се малолетници

Нов шумски пожар избувна утрово во департманот Ланд во југозападна Франција.

112

Од почетокот на јули во Франција се приведени 474 лица под сомнение за подметнување пожари, соопшти денеска француското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу приведените има 183 малолетници што е речиси 40 проценти од вкупниот број.






Нов шумски пожар избувна утрово во департманот Ланд во југозападна Франција. Во текот на ноќта, пожарот зафати околу 600 хектари, додека околу 500 луѓе беа евакуирани бидејќи пожарот се приближува кон населени места.

Франција сè уште е погодена од топлотен бран. За денеска се предвидуваат температури од 35 до 38 степени Целзиусови, кои локално би можеле да достигнат 40 степени.

Поврзани содржини