МОРТУС ПИЈАН ЈА НАПАЃАЛ И ЈА ЗАКЛУЧУВАЛ МАЈКА МУ Уапсен 40-годишник во Делчевско
40-годишникот во повеќе наврати физички ја напаѓал и ѝ се заканувал на својата 59-годишна мајка, а при апсењето му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
Четириесетгодишен маж од Делчевско е лишен од слобода поради сомнение дека во повеќе наврати физички ја напаѓал и ѝ се заканувал на својата 59-годишна мајка.
Од ОВР Делчево информираат дека А.З. (40) бил лишен од слобода на 12 август 2026 година во 21:10 часот.
Според пријавеното, во последниот период тој неколкупати во семејниот дом во едно село во Делчевско физички ја напаѓал мајка му и ѝ се заканувал.
Случајот дополнително ескалирал во текот на денот, кога 40-годишникот, според пријавата, агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба.
При преземањето на полициските мерки било утврдено дека А.З. бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во полициска станица. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.