ПОЛИЦАЕЦ НАПАДНАТ ВО „МАЈКА ТЕРЕЗА“ Кривична пријава за 44-годишен тетовец

СВР Тетово го товари 44-годишниот Б.И. за физички напад врз полициски службеник додека извршувал службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

68

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (44) од Тетово, поради сомнение дека физички нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 20 мај 2026 година, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.






Од СВР Тетово информираат дека пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник додека тој постапувал во рамките на своите службени овластувања.

Против 44-годишниот тетовец е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Поврзани содржини