СДСМ И ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА СЕ СМИРАТ Стануваат опасни, веќе не знаат ни каде удираат

Се очекува исход од истрагата, бидејќи дезинформациите за водата во Скопје се опасни, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

84

СДСМ е како бунар без дно за ширење паника, што станува опасно за граѓаните, порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Таман човек ќе помисли дека СДСМ го допрел дното, оттаму повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа дотаму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните, велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. Оваа дезинформација не е само гола политичка критика, туку е опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните – рече Петруушевски.






СДСМ треба да се смири, додаде Петрушевски.

– Нивниот моментален претседател Венко Филипче, кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот, треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника. Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно – дека СДСМ веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДСМ очигледно нема крај – рече пратеникот.

Надлежните државни институции, додаде Петрушевски, веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и Обвинителството.

– Сепак, се очекува исход од истрагата, бидејќи вакви дезинформации се опасни – рече Петрушевски.

Поврзани содржини