ДЕВЕТ ПОЖАРИ АКТИВНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА Гори кај Моране, Драгов Дол, Прилеп, Битола, Струга…

ЦУК регистрира 13 пожари на отворен простор до 13 часот, од кои девет се активни, два се под контрола, а два се изгаснати. Најголем дел од пожарите се на ниска вегетација, но гори и мешана шума.

42

Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои девет се активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Најголем број од активните пожари се на ниска вегетација, но има и пожари кои зафатиле шума, багреми, а во еден случај е пријавено и зафатено викенд-објект.






Најсериозна е состојбата во општина Студеничани, каде пожарот над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер зафатил мешана шума.

Пожар има и во село Маково, општина Новаци, каде гори ниска вегетација.

Во општина Крива Паланка, пожарот кај село Муждивњак зафатил ниска вегетација и багреми.

Во атарот на село Лозани, општина Могила, активен е пожар на ниска вегетација.

Гори и во село Сливник, општина Велес, каде е зафатена ниска вегетација.

Во село Драгов Дол, општина Македонски Брод, повторно е регистриран пожар на ниска вегетација.

Пожар е регистриран и долж магистралниот пат Прилеп–Битола, во општина Битола. Според ЦУК, таму гори ниска вегетација, а зафатена е и викендичка.

Во Прилеп, активен е пожарот кај старата фабрика „Партизанка“, каде гори ниска вегетација.

На територијата на општина Струга, пожарот кај село Долно Татеши исто така е активен и зафатил ниска вегетација.

Два пожари во моментов се ставени под контрола.

Во Делчево, пожарот на градската депонија е под контрола.

Под контрола е и пожарот во село Манастирско Доленци, општина Кичево, каде гори нискостеблеста деградирана шума.

Во текот на денот се изгаснати два пожари.

Во село Старо Балдовци, општина Босилово, бил зафатен простор со ниска вегетација и шамак.

Изгаснат е и пожарот во село Копанце, општина Јегуновце, каде гореле шума и ниска вегетација.

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата со пожарите на отворен простор, а надлежните служби интервенираат таму каде што има активни жаришта.

Поврзани содржини