БРЕД ПИТ ПО СЕДУМ ГОДИНИ ПОВТОРНО ПОСЕГНА ПО ЧАШКАТА Актерот призна дека повторно пие, но овојпат си ја знае мерката
Бред Пит повторно пие по седум години целосна трезвеност, а неговото изненадувачко признание доаѓа откако актерот беше забележан како пие алкохол на свадбената прослава на Тејлор Свифт и Тревис Келси.
Бред Пит по седум години целосна трезвеност повторно почнал да пие алкохол и ова го откри самиот во новото интервју за „Esquire“. Пит објаснил дека денес може да испие неколку чаши вино, но дека добро знае каде му е границата и дека не може да се врати на старите навики. Ова веќе беше забележано на гламурозната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси во јули, кога според „Page Six“, Пит кој пристигна на прославата со својата партнерка Инес де Рамон, бил виден како пие.
Пит со години отворено зборуваше за својата борба со алкохолот и за периодот во кој решил целосно да се откаже од него. Тој престанал да пие во 2016 година, во исклучително тежок период од приватниот живот, а подоцна откри дека поминал околу 18 месеци во програмата на „Анонимни алкохоличари“. Во 2019 година јавно раскажа колку значајно му било тоа искуство, нагласувајќи дека токму поддршката од луѓе кои не го осудувале му помогнала да се соочи со проблемот.
Сепак, 62-годишниот актер сега вели дека неговиот однос кон алкохолот е поинаков. Пит признава дека во одреден момент станал премногу самоуверен во својата способност да го контролира пиењето и дека неколкупати сфатил дека претерал со таа самодоверба. Затоа, како што објаснува, денес се обидува да биде многу порестриктивен и да не дозволи неколку пијалаци да прераснат во нешто повеќе.
– Да. Па… … Можам да земам неколку. Но, не можам многу. Морам да бидам професионален во врска со тоа – вели Бред во интервјуто и додава дека сега ги сака утрата, кои можеш да ги пропуштиш кога ќе испиеш премногу претходната вечер.
Пит тврди дека денес има поинаков однос кон пиењето и дека научил многу за себе во годините без алкохол. Во истото интервју тој зборува и за еден од најтешките периоди во својот живот, признавајќи дека по распадот на семејството поминувал низ многу мрачни моменти.
Иако неговото признание изненади многумина, Пит очигледно не сака ова да се гледа како враќање на старите проблеми. Напротив, тој тврди дека денес подобро ги препознава сопствените граници и дека токму искуството од седумгодишната трезвеност му помогнало да сфати што може, а што не може да контролира.