ЈА УДРИЛЕ СО ТВРД ПРЕДМЕТ КОГА САКАЛА ДА СИ ГО ЗЕМЕ УКРАДЕНИОТ РАНЕЦ Две лица ограбиле 67-годишна жена, па ја нападнале во автобус

Жената пријавила дека по одземањето на ранецот тргнала по лицата и влегла во автобус за да си ги врати личните работи, но таму едното лице ја удрило со тврд предмет.

112

Две лица со употреба на физичка сила одзеле ранец од 67-годишна жена во центарот на Скопје, а потоа едното од нив ја удрило со тврд предмет откако таа тргнала по нив во обид да си го врати ранецот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен на 9 август во 14:40 часот од Г.С. (67) од Кочанско. Според пријавеното, инцидентот се случил околу 07:30 часот на подрачјето на Центар.






Двете лица ѝ се доближиле на жената, по што едното со употреба на физичка сила ѝ го одзело женскиот ранец. Во него имало лични документи и други лични предмети.

Откако лицата се обиделе да побегнат, жената тргнала по нив и влегла во автобус во обид да си го врати ранецот.

Во автобусот, едното од лицата ја удрило со тврд предмет, по што двајцата го напуштиле местото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на лицата.

Поврзани содржини