ВОЈНАТА СЀ ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВО РУСИЈА Зеленски најави одговор на руските напади

Украинскиот претседател тврди дека Киев продолжува со операциите против руската нафтена и воена инфраструктура, додека во Украина трае санирањето на последиците од руските напади.

59

Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната сè повеќе ќе се чувствува и на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Постојат целосно праведни одговори. На секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна сè повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија – нагласи Зеленски.






Тој им се заблагодари на Вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека продолжува операцијата насочена кон руската нафтена индустрија, која, како што оцени, е „многу чувствителна за Русија“.

Зеленски додаде дека биле погодени руски противвоздушни ракетни системи и радарски станици, како и инфраструктура во Азовскиот и Црноморскиот регион.

Украинскиот претседател во своето обраќање се осврна и на последиците од руските напади врз украинските градови и региони, меѓу кои Одеса, Харков, Павлоград, Херсон, Сумската и Житомирската област.

– Сè уште траат работите во Одеса по рускиот напад. Имаше прекини на струјата и водата, сите служби се ангажирани за да се обнови снабдувањето. Утрово без струја во Одеса и областа беа повеќе од 300 илјади семејства, а сега една третина повторно е приклучена. Работите продолжуваат – рече Зеленски.

Тој им се заблагодари и на екипите на Државната служба за вонредни ситуации на Украина, како и на сите ангажирани во санирањето на оштетената инфраструктура и нормализирањето на состојбата во градот.

– Напади имаше и врз Харков и околината, во Павлоград, Херсон, Сумската област и нашата Житомирска област. Важно е насекаде на луѓето да им биде обезбедена вистинска помош – порача украинскиот претседател.

Поврзани содржини