СО ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА, ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗА 52% ПОЕВТИН Германските медиуми пресметаа каде парите вредат повеќе

Македонија се издвојува како евтина европска опција за Германците кои размислуваат за живот во странство по пензионирањето. Бугарија е 47% поевтина, а Црна Гора 39%, кога се споредуваат хотелските и ресторанските услуги.

125

Германски пензионер со поскромни примања може да добие значително повеќе за своите пари во Македонија. Токму ниските цени ја ставаат земјата меѓу интересните опции за преселба по пензионирањето, пишува „Ад хок њуз“.

Разликата е впечатлива. Хотелските и ресторанските услуги во Македонија се 52% поевтини отколку во Германија., пишоува ZDFheute.






Податокот доаѓа од германската статистичка служба Дестатис. Сепак, тој не значи дека сите животни трошоци во Македонија се 52% пониски. Споредбата се однесува конкретно на цените во хотелите и во рестораните.

Токму тој ценовен јаз ја прави Македонија интересна за Германците со помали пензии кои размислуваат за живот надвор од својата земја.

52% кои прават Македонија да е пред соседите

Разликата е голема и во споредба со други поевтини европски дестинации.

Бугарија има цени на хотелски и ресторански услуги 47% пониски од германските. Во Црна Гора разликата изнесува 39%.

Македонија со 52% е на врвот меѓу споредуваните европски земји во оваа категорија.

Но, германските пензионери кои бараат поевтин живот гледаат и многу подалеку од Европа. Меѓу опциите во анализата се појавуваат Колумбија, Тајланд и Костарика.

Германците сè почесто се пакуваат

Интересот за преселување не е само теоретски. Во 2025 година од Германија се иселиле околу 288.500 германски државјани.

Меѓу главните дестинации биле Швајцарија, Австрија и Шпанија.

За пензионерите со ограничен буџет, сепак, математиката може да изгледа поинаку. Пониските трошоци можат значително да ја зголемат куповната моќ на пензијата.

Колумбија е една од поегзотичните опции. Според пренесените податоци, во 2025 година таму се преселиле 448 Германци.

За пензионерите, сепак, постојат дополнителни услови за подолгорочен престој. Според анализата, за соодветната виза е потребен и доказ за определен месечен приход.

Од Македонија до Тајланд, пензијата добива друга вредност

Тајланд останува уште една опција за оние што бараат поевтин живот. За регионот Хуа Хин се проценува месечен буџет од околу 1.500 долари за висок животен стандард.

Костарика е поскапа. За парови, проценетите месечни трошоци во 2026 година се движат од 1.800 до 3.500 долари.

Македонија, пак, има една очигледна предност за германските пензионери кои сакаат да останат во Европа. Според германската статистика, токму тука хотелите и рестораните чинат околу половина од германското ценовно ниво.

Поврзани содржини