ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА СНИМКИТЕ ГИ ПРАЌАЛ НА ДРУГИ Уапсен 19-годишeн кочанец по пријава од поранешната девојка

Девојка на 18-годишна возраст пријавила дека поранешниот партнер без нејзина согласност направил експлицитни видеа и фотографии. Според полицијата, снимките ги направил достапни и за трети лица.

143

Момче на 19 години од Кочани било уапсено откако неговата поранешна девојка го пријавила за тајно снимање експлицитни видеа и фотографии.

Случајот во полицијата го пријавила 18-годишната девојка од Виничко. Според нејзината пријава, сè се случувало од 30 јули до 7 август.






Полицијата соопштила дека А.М. без согласност на девојката направил експлицитни снимки и фотографии преку мобилни апликации и уреди.

Но, случајот не завршил со снимањето. Според пријавата, 19-годишникот потоа ги направил видеата и фотографиите достапни за трети лица.

Преку апликации на социјалните мрежи ѝ испраќал и пораки со навредлива содржина.

Полициски службеници од ОВР Кочани го уапсиле на 8 август во 21.40 часот.

Полицијата најавила дека по целосното документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани содржини