МАКЕДОНИЈА ГО ДЕКЛАСИРАШЕ ИЗРАЕЛ Ракометарите се деветти во Европа, а имаат пласман и за СП2027
Македонските ракометари до 18 години славеа со убедливи 39:29 на Европското првенство во Србија. Израел водеше на полувремето, но „црвено-жолтите“ го свртеа мечот и обезбедија пласман и на ЕП 2028.
Македонските ракометни надежи го завршија Европското првенство со моќна победа и 2 директни билета за големите натпреварувања.
Израел беше декласиран со 39:29, а Македонија до 18 години го освои 9. место меѓу 24 репрезентации.
Успехот добива дополнителна тежина во споредба со претходното Европско првенство. Македонија во 2024 година во Црна Гора заврши на 19. место.
Сега скокна 10 позиции.
Израел водеше, па почна македонската бура
Мечот не навестуваше таков расплет во првите 30 минути. Израел замина на полувреме со предност од 20:19.
Потоа избраниците на Горан Кузманоски го сменија ритамот. Ја зацврстија одбраната и целосно ја презедоа контролата.
Македонија го доби второто полувреме со убедливи 20:9. Од минус 1 стигна до плус 10.
Тоа беше 5. последователна победа за „црвено-жолтите“. Серијата следуваше по 3 порази во прелиминарната групна фаза.
Николовски ја спушти рампата
Стефан Ѓорѓиески беше непогрешлив и постигна 8 гола од 8 обиди. Горазд Дамчевски заврши со 8 гола од 11 удари.
Христијан Вујичевски додал 6 од 6.
Одличен настап имал и Ѓорѓи Николовски. Македонскиот голман запишал 16 одбрани и успешност од 37%.
Деветтото место на Европското првенство во Белград ѝ донесе на Македонија директен пласман на Светското првенство во 2027 година и на Европското првенство во 2028 година.