TEПАЧИ И ДИЛЕРИ, ТОА СЕ „ДЕЦАТА“ НА СДСМ Манасиевски пак ги прозва Ефтимов и Стојанов за случајот во Ново Село
Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДСМ, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека Македонија не смее да дозволи нов Заев да дојде на власт.
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, обвинува и тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на партиска прес-конференција откако ден претходно на посебна прес-конференција зборуваше за случајот со Христијан Ефтимов и Илија Стојанов кои добија условни казни за случајот со тепање странски државјани во струмичко Ново Село.
– Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДСМ си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДСМ, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт – изјави Манасиевски.
Според Манасиевски, каков претседател во СДСМ, такви се и кадрите.
– Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДСМ – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски тврди дека никој од „децата на СДСМ“ не одговара или пак е само условно осуден, затоа што, како што вели обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче.
– Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена – порачува Манасиевски.