„СЕАТ АЛТЕА“ МУ ГО ПРЕСЕКЛА ПАТОТ НА МОТОЦИКЛИСТОТ КОЈ ЗАГИНА KAJ РАДИШАНИ Се обидел да го избегне сударот, но следел нов удар

Возач на „сеат алтеа“ му го пресекол патот на Маркрачевски кој со мотоцикл „кавасаки“ доаѓал од спротивната страна. Но, таму со предниот дел од мотоциклот удрил директно во автомобил „алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Според Обвинителството, 46-годишниот осомничен по несреќата не останал на местото за да им помогне на повредените, туку заминал.

1,763

Возач на „сеат алтеа“ му го пресекол патот на 19-годишниот Никола Макрачевски кој загина во скопско Радишани, се открива во соопштението на Основното јавно обвинителство за случајот. Информацијата доаѓа откако МВР вчера се огласи за случајот со првични информации.

Според написот на ОЈО, 46-годишниот возач кон пладне на 7 август свртел од улицата Радишанска во лево на раскрсницата на улица 18 каде што нема сообраќајни знаци.






Возачот му го пресекол патот на Маркрачевски кој со мотоцикл „кавасаки“ доаѓал од спротивната страна.

„За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока“, соопшти ОЈО.

Но, таму со предниот дел од мотоциклот удрил директно во автомобил „алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна.

„Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот алфа ромео”.

Според Обвинителството, 46-годишниот осомничен по несреќата не останал на местото за да им помогне на повредените, туку заминал.

Јавен обвинител му предложил на судот мерка домашен притвор за лицето, обврска да се јавува во судот, но и да му бидат одземени пасошот и возачката дозвола.

Обвинителството го гони за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Министерството за внатрешни работи вчера обзнанаи дека возачот на „алтеата“, С.О.(46) од Арачиново, по дополнително преземени мерки,  бил пронајден околу 19:40 часот во селото Арачиново заедно со возилото и бил уапсен.

МВР исто така потврди дека несреќата е предзивикана без физички контакт, односно учестувало и трето возило, имено „алфа ромео“.

ТРЕТО ВОЗИЛО ГО ПРЕДИЗВИКАЛО СУДИРОТ ВО КОЈ ЗАГИНА 19-ГОДИШНИОТ МОТОЦИКЛИСТ Возачот не застанал да помогне, полицијата го уапси

Поврзани содржини