НЕВРЕМЕ ВО ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН Во Струмичко можна појава на суградица

296

Невреме во Преспанскиот регион и на североистокот и истокот од Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица, извести Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Преспанскиот регион претходеа умерени врнежи и ретка појава на грмежи.






Северостокот од Ресен е зафатен со нестабилност. Во Струмичко има можна појава на суградица, а во источниот дел има умерени до засилени врнежи од дожд, како и појава на ретки грмежи.

Нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и наместа можна појава на суградица имаше и во планинските предели северно од Кочани.

Според прогонозата на УХМР, за време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Поврзани содржини