ИНФЛАЦИЈАТА СЕ НАМАЛУВА, РАСТАТ ИЗВОЗОТ И ВРАБОТЕНОСТА Економските политики на Владата даваат резултати

Ќе продолжиме внимателно да ги следиме економските движења и да креираме мерки коишто се во интерес на граѓаните, за заштита на животниот стандард и за понатамошно зајакнување на македонската економија, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

45

Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките што ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата го продолжува трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво. Во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценнти, во мај 4,8 и во јуни 3,4 проценти.






Забавување на растот на цените е забележано и на месечно ниво кај речиси сите категории производи и услуги, со исклучок на транспортот.

„Ова е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули 2026 година. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме економските движења и да креираме мерки коишто се во интерес на граѓаните, за заштита на животниот стандард и за понатамошно зајакнување на македонската економија“, објави министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на Фејсбук.

Поврзани содржини