📷🎥 ХАЈДИ КЛУМ ОБЈАВИ НОВИ ФОТОГРАФИИ ВО ТАНГА И ТОПЛЕС Манекенката ужива со 16 години помладиот сопруг со конзерви на плажа
Супермоделот Хајди Клум и музичарот Том Каулиц повторно покажаа дека знаат да уживаат во едноставните работи – сонце, море и салата и риба во конзерва сервирани на плажа
Германската супермоделка Хајди Клум (53) беше фотографирана на плажа заедно со 16 години помладиот сопруг Том Каулиц, кадешто уживаше во сончање топлес. Фотографиите брзо се проширија низ светските медиуми, а многумина коментираа дека изгледа речиси непроменето во споредба со годините кога владееше на модните писти.
Клум и Каулиц веќе подолго време летото го минуваат на Медитеранот, а на социјалните мрежи редовно споделуваат моменти од одморот. Освен сончањето и капењето, двојката ужива во долги прошетки покрај морето, пловење со јахта, а овојпат и во ручек сервиран на прекривката врз која седеа на песочна плажа. Ручекот се состоеше од салата и риба во конзерви и веројатно некое добро вино или шампањ.
Хајди Клум никогаш не криела дека сака да живее опуштено и спонтано. Во повеќе интервјуа има изјавено дека не се оптоварува со годините и дека најважно ѝ е да биде среќна и да го живее животот со полни гради. Токму затоа нејзините фотографии од одморот редовно привлекуваат огромно внимание – не само поради нејзиниот изглед, туку и поради впечатокот дека и покрај славата останала непосредна и природна.
View this post on Instagram