ЏОАН КОЛИНС НА 93 ГОДИНИ УЖИВА ПОКРАЈ БАЗЕН ВО СЕН ТРОПЕ Не сака ботокс и филери, сè им должи на гените, исхраната и на танцот

Легендарната актерка ужива во луксузната вила на француската ривиера, а со новите фотографии повторно ги воодушеви обожавателите со својот младешки изглед. Вели дека не поднесува ботокс или филери, а својата одлична форма им ја припишува на добрите гени, танцот и авокадото.

466

Британската актерка Џоан Колинс објави фотографии од одмор во Сен Тропе и повторно привлече внимание со својот младешки изглед.

Легендарната ѕвезда од серијата „Династија“ на Инстаграм сподели неколку моменти од престојот во француското летувалиште, каде што ужива во својата вила заедно со сопругот Перси Гибсон.






Колинс и Гибсон, кои се во брак веќе 24 години, се сопственици на вила со пет спални соби на Француската ривиера. На една од фотографиите актерката позира во бел фустан со откриени раменици и виолетова наметка, додека на друга ужива покрај базенот во друштво на актерката Алисон Папворт, позната по улогите во филмовите за Џејмс Бонд „Само за твоите очи“ и „Октопод“.

На одморот ѝ се придружиле и неколку блиски пријатели, меѓу кои дизајнерот на накит Кенет Џеј Лејн, модниот стилист Рене Хорш и нутриционистката Габриела Пикок со нејзиниот син Феликс, кој е кумче на актерката.

– Јули е еден од најжешките месеци што некогаш сме ги доживеале во Сен Тропе, но и покрај тоа прекрасно си поминуваме – напиша Колинс покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Актерката и претходно зборувала за тоа како го одржува својот изглед и нагласила дека не е приврзаник на естетските интервенции како ботокс и филери.

– Сакам луѓе кои изгледаат онака како што навистина изгледаат. Не ми се допаѓаат пренапумпаните усни – изјавила таа за Daily Mail.

Колинс вели дека за добрата форма ѝ помага и танцувањето, со кое сè уште активно се занимава, како и урамнотежената исхрана. Избегнува брза и нездрава храна, но не се лишува од малите задоволства како чаша пенливо вино или омилен десерт.

– Се трудам да се хранам балансирано. Сметам дека авокадото е многу корисно и верувам во витаминските додатоци. Земам витамини Ц и Е, како и омега масни киселини – открила актерката.

Според неа, здравите навики се важни, но признава дека дел од заслугите за нејзиниот изглед веројатно припаѓаат и на добрата генетика.

Џоан неодамна открила и дека поради правилата за престој во Европската Унија може да помине најмногу 90 дена годишно во својата вила во Сен Тропе.

– Имаме толку многу пријатели кои сакаат да дојдат и да останат кај нас. Понекогаш велам дека оваа куќа е како хотел, бидејќи имам голема табла на која запишувам кој доаѓа и кога – раскажала таа.

Џоан Колинс останува најпозната по улогата на Алексис Колби во култната серија „Династија“, која во 1980-тите ја претвори во една од најголемите телевизиски ѕвезди во светот.

Поврзани содржини