ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА СИНОТ УБИЕЦ ОД БОГДАНЦИ Гевгелискиот суд му изрече најтешк казна на Петар Станковски

Основниот суд во Гевгелија го прогласи Петар Станковски за виновен за убиство на свиреп начин при семејно насилство. Обвинетиот признал вина, а делото се случи во јануари годинава во Богданци.

123

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на 40-годишниот Петар Станковски од Богданци, прогласен за виновен за свирепото убиство на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста.

Од Судот информираат дека Станковски е осуден за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“.






Обвинетиот на главната расправа признал вина, а судот му го продолжил притворот до правосилноста на пресудата. Одлуката е првостепена и на неа странките имаат право на жалба.

Трагичниот настан се случил на 11 јануари 2026 година, околу 21 часот, во стан во Богданци каде што Станковски и неговата мајка живееле како подстанари.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Гевгелија, меѓу мајката и синот избила расправија поврзана со неговото лекување. Во текот на конфликтот, обвинетиот зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убодни и повреди.

Откако ножот се скршил, според обвинителството, тој употребил и други остри предмети, при што жената починала од здобиените повреди.

По настанот, Станковски самиот се пријавил во полициска станица, по што бил лишен од слобода.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради тежината на делото и фактот дека жртвата била мајка на осудениот.

Поврзани содржини