АКО НЕ САКАТЕ ДА СЕ РАСПРАВАТЕ, НЕ ГО СКОКАЈТЕ ПОЈАДОКОТ! 5 работи кои не треба да ги правите на празен стомак

Некои работи не е добро да ги правите на празен стомак, па затоа најбезбедна опција е денот да го започнете со здрав појадок.

82

Како ќе го започнете утрото ќе влијае на нивото на енергија во текот на денот. Меѓутоа, понекогаш се развиваат навики кои можат да доведат до несакани физички и емоционални ефекти. Steptohealth, наведува кои е подобро да се избегнуваат, особено на празен стомак.

Земање антиинфламаторни лекови






Лековите како аспирин, парацетамол и други антиинфламаторни лекови не треба да се земаат на празен стомак бидејќи може да доведат до сериозни дигестивни компликации. Соединенијата што ги содржат овие лекови може да предизвикаат нерамнотежа во слузокожата на желудникот и во сериозни случаи да доведат до стомачно крварење. За да се намали негативното дејство на антиинфламаторните лекови врз дигестивниот систем, добро е да се пијат со малку млеко или со многу вода.

Пиење кафе

Ако сакате да пиете кафе наутро за да се разбудите, треба да бидете свесни за негативниот ефект од ова. Иако кафето е енергетски пијалак, пиењето кафе на празен стомак може да биде штетна навика. Дури и ако кафето е без кофеин, тоа го зголемува производството на киселина во желудникот и може да предизвика пецкање и рефлукс во желудникот. Доколку сакате да го избегнете ова, посегнете по чај или смути, кои можат да ви дадат енергија и се поздрави од кафето.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини