ДОДАДЕТЕ ЈА ОВАА МАГИЧНА СОСТОЈКА ВО ЛУКОТ Регулирајте ги шеќерот, крвниот притисок и холестеролот!

Телото може да има уште поголема корист од нив отколку кога ги јадеме одделно

64

Постојат намирници кои се здрави сами по себе, а има и такви кои, кога се комбинираат, можат да обезбедат уште повеќе придобивки за телото. Лукот и спанаќот се еден таков пар.

Овие две едноставни и лесно достапни намирници се богати со витамини, минерали и растителни соединенија кои, според бројни студии, можат да помогнат во заштитата на срцето, регулирањето на шеќерот во крвта, намалувањето на хроничното воспаление, па дури и намалувањето на ризикот од одредени видови рак.






Добрата вест е дека не треба да ги јадете во големи количини – доволно е редовно да ги вклучувате во секојдневните оброци – на пример, во омлет, чорба, тестенини, рижото или салата.

Една од најголемите придобивки од оваа комбинација се однесува на здравјето на срцето и крвните садови. Лукот е предмет на бројни студии со децении поради неговиот ефект врз крвниот притисок. Студиите покажуваат дека додатоците со лук во исхраната можат да го намалат нивото на крвниот притисок кај луѓе со висок крвен притисок речиси исто толку ефикасно како и одредени лекови за хипертензија, а воедно го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања до 40 проценти.

Спанаќот придонесува за истата цел, но на поинаков начин.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини