📽️ ТРАГЕДИЈА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЗАТВОРОТ АЛКАТРАЗ Што го преврте бродот со 19 туристи?

Туристички чамец со 19 лица се преврте во заливот кај Сан Франциско. Едно лице загина, а голема спасувачка операција продолжува во потрага по двајца од исчезнатите. Причината за трагедијата не е позната. Првичните информации за можен пожар на чамецот биле отфрлени.

135

Трагичен инцидент го потресе заливот кај Сан Франциско откако туристички чамец со 19 лица се превртел во близина на островот Алкатраз. Едно лице загинал, а по уште 2 лица сè уште се трага.

Струите помогнале бродот да се преврти и покрај сончевото време. Но, причината за несреќата засега останува непозната. Првичните информации за можен пожар на чамецот биле отфрлени, а истрагата треба да утврди што довело до превртувањето.






Според пожарната служба во Сан Франциско, во големата спасувачка акција се вклучиле 11 пловила и повеќе спасувачки екипи. Снимките од локалните телевизии го обиколија интернетот. Чамецот речиси целосно потонал, а над водата кратко време се гледал само дел од неговата конструкција.

Полициски чамец прв пристигнал на локацијата. Екипите пронашле лице со тешки повреди, но и покрај обидите за реанимација, тоа не преживеало.

Од вкупно 19 лица на пловилото, 13 безбедно стигнале до брегот. Тројца биле пренесени во болница.

– Ќе продолжиме со операцијата уште неколку часа за да се обидеме да ги пронајдеме двајцата исчезнати луѓе, доколку е можно – изјавил началникот на пожарната служба во Сан Франциско, Дин Криспен.

Алкатраз е една од најпознатите туристички атракции во САД. Островот бил федерален затвор од 1934 до 1963 година и останал симбол на место од кое речиси било невозможно да се избега поради студената вода и силните морски струи.

Денес со островот управува Службата за национални паркови на САД. Секоја година таму пристигнуваат стотици илјади посетители од целиот свет.

 

Поврзани содржини