БУГАРСКА ФОНДАЦИЈА ПРИЈАВУВА „НЕЛОЈАЛНИ БУГАРИ“ ОД МАКЕДОНИЈА Нова провокација од Виктор Стојанов
Претседателот на контроверзната бугарска фондација на кого му е забранет влезот во Македонија, на социјалните мрежи прозва македонски бизнисмен за кој тврди дека е спонзор на ВМРО-ДПМНЕ упатувајќи порака дека истиот „ќе ги сноси сите последици за тоа“.
„Фондација Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов, организација финансирана од бугарската држава, вчера на фејсбук-профилот објави пријава до бугарските даночни власти против македонски државјанин, кој наводно имал бугарски пасош. Се работи за бизнисменот Иван Данев од Крива Паланка, кој бил и „спонзор на ДПМНЕ и Мицкоски“.
Според Стојанов, Данев имал бизнис во градежништвото во Бугарија.
„Ќе ги сноси сите последици од тоа дека е пријател и спонзор на партијата Дпмне и Мицкоски. Ќе плати со КАМАТИ ВЕДНАШ!“, пишува „Фондација Македонија“.
На фејбук профилот објавен е и дел од пријавата до Националната агенција за приходите (бугарската Управа за јавни приходи).
Инаку Виктор Стојанов има забрана за влез во Македонија како лице кое претставува закана за јавниот ред и безбедност во земјата, често сметан за провокатор поради неговите активности.
