СДСМ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ЛАГИТЕ ДЕКА КОЧАНСКИОТ ДИЛЕР БИЛ ПУШТЕН ДА ПОБЕГНЕ! ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата акција на МВР
Ова е уште една во низата лаги на СДСМ кои им се распрснуваат како меур од сапуница – коментира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што постапува подеднакво кон секој кој се огрешил пред законот.
Со приведувањето на Цуна, паднаа во вода обвинувањата на СДСМ дека Панче Тошковски сакал да го пушти на слобода.
Впрочем, оваа е уште една во низата лаги на СДСМ кои им се распрснуваат како меур од сапуница, за што, како по навика, им е виновен Тошковски од кого, за што и да се случува во државата, бараат оставка.
За ваквото свесно лажење и манипулирање на пошироката јавноста, од опозициската СДСМ треба да се извинат. Од друга страна, се поставува прашањето, дали со своите лаги, манипулации и смутови СДСМ сакаше да му помогне на бегалецот“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.