🎥 ОЈАРЗАБАЛ ЈА ДОВЕДЕ ШПАНИЈА ВО ВОДСТВО ОД ПЕНАЛ „Фуријата“ доминираше над Французите во првото полувреме

Погодокот беше постигнат од пенал, откако Лукас Дињи направи прекршок над Јамал, по што судијата досуди на белата точка, а Ојарзабал беше ладнокрвен и прецизен во егзекуцијата.

108

Во 22 минута од полуфиналниот натпревар од Светското фудбалко првенство помеѓу Шпанија и Франција, шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Мајк Мањан и ја доведе шпанската репрезентација во водство.

Погодокот беше постигнат од пенал, откако Лукас Дињи направи прекршок над Јамал, по што судијата досуди на белата точка, а Ојарзабал беше ладнокрвен и прецизен во егзекуцијата.






Ова водство на Црвената фурија само му даде тензија и живост на натпреварот кој двете репрезентации го почнаа воздражано и со испитување на силите.

Шпанија во првото полувреме беше за нијанса подобар ривал, а убава шанса во 38-та минута пропушти Фабијан Руиз по одлична тимска акција на Црвената фурија.

Французите засега не успеваат да ја пробијат одбраната на Шпанија и да создадат стопроцентна можност пред голот на Унаи Симон.

Поврзани содржини