НАСКОРО ЌЕ СЕ ЗНАЕ ОД КОГО ЌЕ СЕ НАБАВАТ 150 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Николоски за една недела очекува извештај од евалуацијата на понудите

Обновената постапка следува по поништувањето на претходниот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење.

80

Најмалку за една недела ќе се знае колку компании доставиле понуди обновениот тендер за автобуси, вели министерот за транспорт и врски Александар Нниколоски.

Тој информира дека понудите се во евалуација и очекува извештајот да го има за една недела.






-Обновениот тендер заврши во понеделникот и сега е во процес на евалуација. Сè уште го немам добиено извештајот. Имајте предвид дека има евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт, но и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста. Се надевам дека тоа ќе биде некаде за седум дена – рече Николоски.

Обновената постапка следува по поништувањето на претходниот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење.

Од вкупниот број автобуси, 100 се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во земјава.

 

Поврзани содржини