ДОВЕРБАТА НА ПОПУСТИТЕ Е СЕРИОЗНО НАРУШЕНА Некои брендови се откажаа од попустите на Црниот петок

Експерти велат дека одлуката да не се учествува во Црниот петок е ризична бидејќи конкуренцијата за секој долар е жестока. Но, откажувањето може да им даде на брендовите поинаков вид видливост и да им помогне да изградат доверба, особено кај клиентите кои не се толку чувствителни на цените.

1

Иако повеќето брендови нудат големи попусти на Црниот петок за да привлечат купувачи, некои избираат да не учествуваат. Овие брендови сакаат да се поврзат со растечкиот број потрошувачи кои се воздржуваат од постојани промоции.

Италијанскиот моден бренд Пинко (Pinko) не учествува на Црниот петок за прв пат оваа година, а извршниот директор Пјетро Негра вели дека намалувањето на цените може да стане маѓепсан круг.






– Со тоа што не учествуваме на Црниот петок, се обидуваме да отсечеме една мала глава од змеј кој има илјада други – рече Негра.

Тој посочи на другите видови промоции како семејните и пријателските промоции, приватните распродажби и други настани кои поттикнуваат пониски цени.

– Ова не е видот на однос што го сакаме со нашите клиенти, ниту пак се овие услови што ќе ја обезбедат иднината на секторот – рече тој.

За малите брендови лудилото со попусти може да биде меч со две острици што влијае на профитабилноста и ги прави клиентите помалку спремни да платат полна цена до крајот на годината.

Негра рече дека неучеството во Црниот петок ќе го чини Пинко околу 2 милиони евра приходи, но влијанието врз профитабилноста е релативно многу помало, а маржата на профит е токму она на што се фокусира.

Брендовите што не учествуваат во Црниот петок, исто така, се обидуваат да го привлечат вниманието на потрошувачите, дури и ако тоа не се претвори веднаш во продажба, со цел да пренесат одредена порака или да добијат наклонетост кај клиентите.

Британскиот производител на облека за активности на отворено, Бафало Системс, вели дека не учествува во Црниот петок бидејќи е мала компанија што произведува во Велика Британија, додека американскиот продавач на активности на отворено, REI, ги затвора своите продавници на Црниот петок и им дава слободен ден на вработените да го поминат времето на отворено.

The Ordinary, бренд за нега на кожа во сопственост на козметичкиот гигант Estée Lauder, исто така ги затвора своите продавници на тој ден и наместо да продава, организира акции за дарување крв во Њујорк и Торонто.

Ејми Би, виш потпретседател на глобалниот бренд The ​​Ordinary, рече дека импулсивното купување за време на Црниот петок честопати води до тоа луѓето да купуваат производи што не им се потребни или кои не се соодветни за нивната кожа, а суспендирањето на продажбата за еден ден е начин да се охрабрат потрошувачите да „забават“.

Експерти велат дека одлуката да не се учествува во Црниот петок е ризична бидејќи конкуренцијата за секој долар е жестока. Но, откажувањето може да им даде на брендовите поинаков вид видливост и да им помогне да изградат доверба, особено кај клиентите кои не се толку чувствителни на цените.

– По пет години постојано висока инфлација, купувачите се сè повеќе скептични кон стратегиите за цени на трговците на мало и помалку веројатно веруваат дека рекламираните попусти навистина претставуваат заштеди – вели Шика Џаин, партнер во консултантската фирма Сајмон-Кучер од Бостон.

Тој додава дека се забележува зголемено повлекување и изразена заситеност на инфлацијата и предизвикувачката средина во која се наоѓаат многу Американци.

– Довербата е сериозно нарушена – вели Џаин.

Помалите брендови можеби нема да можат да си дозволат да се откажат од многу потребниот поттик на продажбата што го носи Црниот петок и наместо тоа се свртуваат кон маркетинг стратегии што одат спротивно на трендот за да се истакнат.

UpCircle, британски бренд за убавина кој користи мелено кафе, лушпи од овес и други нуспроизводи од прехранбената индустрија за да прави креми и пилинзи, спроведува свои распродажби за Црниот петок, додека ја промовира својата филозофија за намалување на отпадот со објави на Инстаграм во кои се критикува прекумерното производство и прекумерната потрошувачка. Во своите објави, тој исто така користи интернет сленг како што е „depfill maxxing“, што значи прекумерно акумулирање на отпад.

Црниот петок беше популаризиран во САД, но од почетокот на 2000-тите се прошири низ целиот свет, делумно благодарение на Amazon и другите мултинационални трговци на мало.

„Црн петок е антитеза на сè за што се залагаме кога станува збор за поврзување со отпадот и масовната потрошувачка“, рече основачката на UpCircle, Ана Брајтман.

Поврзани содржини