„ЛЕТАЛ“ КАЈ МИЛЕТКОВО СО 205 КМ/ЧАС Црногорец уапсен во Гевгелиско
Возачот на БМВ со црногорски таблички бил фатен со радар на автопатот А1 кај Милетково. Против него е поднесена соодветна пријава по консултација со јавен обвинител.
Црногорски државјанин бил лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, возел со брзина од 205 километри на час.
„Полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило ‘БМВ’ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена соодветна пријава.