📷 ЏЕЈ ЛО ГО УКРАДЕ ШОУТО Во златен фустан блесна на ревијата на „Долче и Габана“
Светски познатата пејачка и актерка привлече погледи со впечатлива креација украсена со кристали, а зад сцената се дружеше и со Моника Белучи.
Американската пејачка, актерка и модна икона Џенифер Лопез повторно беше во центарот на вниманието, овојпат на модната ревија на „Долче и Габана“, која се одржа на Сицилија. По неодамнешните појавувања во Париз и Лондон, Џеј Ло пристигна во Италија и од првиот ред ги следеше новите модни креации, но токму нејзиниот изглед стана една од главните теми на вечерта.
Лопез се појави во впечатлив златен фустан без прерамки, богато извезен со златни детали и украсен со големи кристали во нијанси на рубини, смарагди и сафири. Според модните познавачи, креацијата потсетува на богатство откриено во стар сицилијански дворец, а раскошниот дизајн создава впечаток на луксузен мозаик кој блеска под светлината.
Целокупниот изглед го заокружи со долг златен брокатен плашт префрлен преку рамениците, металик-златна чанта со препознатлив сицилијански стил од „Долче и Габана“ и елегантни потпетици во исти тонови.
Посебно внимание привлече и нејзиниот маникир. Наместо класична неутрална нијанса, Џенифер избра цветен дизајн во нежни виолетови, розови и сини тонови, дополнет со суптилни златни детали.
На фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи, Лопез откри и дел од атмосферата зад сцената, каде што се сретна и се дружеше со италијанската актерка Моника Белучи.
View this post on Instagram