СЕ СМЕТАЛ СЕБЕ СИ ЗА ПРОРОК, СИ ГО УБИЛ НАСИЛНИОТ ТАТКО Излегуваат детали за семејната трагедија во Скопје

52-годишниот татко, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга. Во обид да ја заштити мајката, синот наводно употребил нож и му нанел смртоносни повреди.

812

Излегуваат нови детали за семејната трагедија што се случи во Скопје, каде 31-годишен маж е осомничен дека смртно го избол својот татко по семејна расправија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила во семејниот дом, откако, според првичните сознанија, 52-годишниот татко, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга. Во обид да ја заштити мајката, синот наводно употребил нож и му нанел смртоносни повреди.






Според информации што ги пренесуваат дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, починатиот и претходно бил пријавуван за семејно насилство.

Истите извори наведуваат дека осомничениот подолг период имал нарушена психичка состојба и на блиски лица им тврдел дека е пророк, барајќи од нив да постапуваат според неговите убедувања. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Дополнително, според медиумските информации, починатиот пред извесно време поднел барање за промена на личното име, со кое сакал своето име да го промени во „Авни“.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека осомничениот се наоѓа во полициски притвор. Надлежните институции продолжуваат со истрагата, која треба да ги утврди сите околности под кои се случила семејната трагедија.

СИН ГО УБИ СВОЈОТ ТАТКО ВО СКОПЈЕ Семејна трагедија завршила со убоди од нож

 

Поврзани содржини