📽️ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ПОЛИЦИЈА, ТУКУ ОД СОПРУГАТА Урнебесното видео собра милиони прегледи
Безбедносните камери снимија комична сцена во аптека во Виетнам – драматичното „нинџа“ лизгање предизвика паника, а објаснувањето на мажот ги освои социјалните мрежи.
Вирално видео од Виетнам ги освои социјалните мрежи, откако безбедносните камери во една аптека снимија сцена која повеќе личи на филмска комедија отколку на реален настан.
Во моментот кога вработените ја спуштале металната ролетна за да ја затворат аптеката, маж со кацига и заштитна маска во последната секунда направил спектакуларно „нинџа“ лизгање по подот и се протнал под речиси затворената врата.
Неочекуваниот упад предизвикал вистински шок кај вработените, кои за миг помислиле дека се соочуваат со вооружен грабеж. Начинот на кој мажот влетал во аптеката и фактот што лицето му било покриено дополнително ја засилиле паниката.
Но, драмата траела само неколку секунди.
Штом се исправил, мажот веднаш ги кренал рацете и им објаснил на вработените дека нема никакви лоши намери. Напротив, дошол по итна задача – морал да купи неколку производи за сопругата, а според повеќе медиуми станувало збор за хигиенски влошки.
Низ смеа им рекол дека ако се врати дома со празни раце, ќе има многу поголем проблем отколку што би бил затворената аптека.
По краткиот момент на паника, атмосферата целосно се променила. Вработените почнале гласно да се смеат, му ги продале потребните производи, а видеото за само неколку дена стана вистински хит на Инстаграм, ТикТок и другите социјални мрежи.
Корисниците на социјалните мрежи не штедеа пофалби за неговата решителност и смисла за хумор.
„Не се плаши од затворени врати, туку од лута сопруга“, „Ова е вистинска љубов“, „Маж на годината“ и „Нинџа на семејниот мир“ се само дел од илјадниците коментари под видеото, кое собра милионски прегледи.
Комичната сцена уште еднаш покажа дека понекогаш најобичните животни ситуации можат да станат светски вирален хит.
View this post on Instagram