ПОЧИНА ДОАЈЕНКАТА НА СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР Тинка Ристеска остави неизбришлива трага во 55-годишната кариера

Ристеска на само 16 години, во 1969 година, првпат застанала на сцената на Струмичкиот театар со улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Од тој момент таа го започнала патувањето долго 55 години.

241

„Со длабока тага се простуваме од нашата долгогодишна актерка Тинка Ристеска (1953-2026) – уметник и човек што остави неизбришлива трага во историјата на Струмичкиот театар“, објавија денеска од НТ „Антон Панов“.

„На 12 јули 2026 година, Тинка замина кај оние за кои изминатиот месец говоревме низ серијалот ‘Сеќавања’, кај темелниците и великаните на Струмичкиот театар. Денес и таа станува дел од тој вечен пантеон на уметници што го создадоа и изградија нашиот театар“.






Ристеска на само 16 години, во 1969 година, првпат застанала на сцената на Струмичкиот театар со улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Од тој момент таа го започнала патувањето долго 55 години.

Остави бројни улоги меѓу кои во претставите „Галеб“, „Стаклена менажерија“, „Магбет“, „Ромео и Јулија“, „Печалбари“, „Женидба“, „Крвави свадби“, „Тетовирани души“, „Бледица“, „Лет во место“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Чудо големо“, „Вечна игра“. Играла и во ТВ серии и долгометражни филмови.

Погребот ќе се изврши на утре на Градските гробишта во Струмица.

Поврзани содржини