🎥 СЕСТРАТА НА ГРЕТА ТУНБЕРГ Е ПРОВОКАТИВНА ПОП ПЕЈАЧКА Беата МонаЛиса нема што да каже за климатските промени

Помладата сестра на шведската активистка Грета Тунберг, позната по својот беспрекорен јавен имиџ, чекор по чекор гради сопствено име – со драматични балади и провокативни сценски настапи.“

105

Две сестри — две различни цели. Додека постарата сестра Грета Тунберг стана едно од најпрепознатливите лица на климатскиот активизам во светот, нејзината три години помлада сестра Беата Моналиса Тунберг, позната како Беа, се обидува да изгради кариера на сосема поинаква сцена – музичката.

Во интервју за списанието „Интервју“, 20-годишната Беа, која за себе вели дека е самоука уметница, истакнала дека не сака да живее во сенката на својата постара сестра.






Таа објаснила дека името Моналиса го добила по бабата Мона и прабабата Лиса. Таа го завршува својот прв албум, отворено зборува за ЛГБТК+ теми и не сака да ја споредуваат со славната активистка, пишува Њујорк Пост.

Таа открила и дека танцува откако знае за себе и пее уште од својата седма година. Токму поради тоа, како што вели, со години била жртва на врсничко малтретирање.

– Настапував на училишни приредби и на сите им бев напорна – признала таа.

Во последните месеци Беа привлече големо внимание со својата изведба на француската класика „Химна на љубовта“ (Hymne à l‘amour) од 1949 година, песна што ја прослави легендарната Едит Пјаф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEA (@beatamonalisa)

Во меѓувреме, Беа го привршува својот прв студиски албум, кој го опишува како „про-квир и анти-мачо“. На него работи уште од својата 13-годишна возраст, а сите девет песни ги напишала самата.

– Постојано им се навраќам и менувам нешто. Седум песни веќе се завршени. Албумот зборува за слободата на идентитетот и зајакнувањето на жените – изјавила Беа, која некои медиуми веќе ја нарекуваат „геј икона“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEA (@beatamonalisa)

На неизбежното прашање за нејзината многу попозната сестра одговорила кратко и без двоумење.

– Не сум одговорна за туѓите животи – рекла таа, одбивајќи понатаму да зборува за Грета.

Зборувајќи за сопствените амбиции, Беа истакнала дека успехот не го мери исклучиво преку славата.

– Можете да бидете познати низ целиот свет, а да не се чувствувате прифатени. Од друга страна, можете да имате мала група обожаватели и да се чувствувате многу успешно.

Таа открила и дека во текот на кариерата често се соочува со обиди други луѓе да ѝ кажуваат како треба да звучи.

– Имам многу хетеросексуални машки продуценти кои ми кажуваат како треба да пеам. Тие сакаат да имаат чувство дека тие ме создале. За нив, гласна млада жена е многу провокативна бидејќи сакаат да ја задржат контролата – изјавила таа.

Иако признава дека еден ден би сакала да достигне светска слава, додава дека многу поважно ѝ е да има публика која навистина ја разбира.

– Моите обожаватели се многу специфични. Имаме исти интереси, сличен стил на облекување и иста смисла за хумор. Јас сум многу саркастична – заклучила Беа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEA (@beatamonalisa)

Поврзани содржини