СИН ГО УБИ СВОЈОТ ТАТКО ВО СКОПЈЕ Семејна трагедија завршила со убоди од нож
Семејна расправија во скопски дом завршила со смрт на таткото. Полицијата привела 31-годишен скопјанец, а неговата мајка е пренесена во болница.
Семејна трагедија се случила синоќа во Скопје, каде што 31-годишен маж е осомничен дека со нож го усмртил својот татко откако претходно таткото, во алкхолизирана состојба ја нападнал својата сопруга, информира Mинистерството за внатрешни работи.
„Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, мајка на Б.Џ., по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко“, наведоа од МВР.
Според објавата, трагедијата се случила околу 22:35 во нивниот семеен дом, додека полицијата кон 23 часот го привела 31-годишниот Б.Џ.
По интервенцијата на полицијата, повредената жена била пренесена во градската болница „Свети Наум Охридски“ за укажување помош.
Обдукцијата на телото на починатиот треба да даде повеќе информации за истрагата.