НОВ ПОТЕГ НА СОФИЈА КОН МАЛЦИНСТВОТО ВО СРБИЈА Пасошите се селат во пунктови во Босилеград и во Димитровград

Според пописот од 2022 година, во Србија живеат околу 13.000 лица кои се изјасниле како Бугари, со најголема концентрација токму во Босилеград и во Димитровград.

859

Бугарија ќе отвори конзуларни пунктови и ќе организира прием на барања за бугарски лични документи во Босилеград и Димитровград – општините во Србија каде живее најголемиот дел од бугарската заедница.

Со оваа одлука, жителите на Босилеград, Димитровград и околните места повеќе нема да мораат да патуваат до Ниш или Белград за да поднесуваат барања за бугарски пасоши и лични карти. За оние кои веќе имаат бугарско државјанство, административната постапка станува значително поедноставна.






Во последните години Софија систематски инвестира во зајакнување на врските со бугарската заедница во источна Србија преку образование, културни програми, инфраструктурни проекти и конзуларни услуги.

Според пописот од 2022 година, во Србија живеат околу 13.000 лица кои се изјасниле како Бугари, со најголема концентрација токму во Босилеград и во Димитровград.

Бугарското државјанство, а со тоа и бугарскиот пасош, носи и статус на граѓанин на Европската Унија, што овозможува слободно движење, работа и престој во сите земји-членки на ЕУ.

Поврзани содржини