ТРАГЕДИЈА НА ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ Работник од Куманово загина по пад од височина во Гази Баба

Несреќата се случила при изведување градежни работи на објект во изградба, а на местото бил известен и трудов инспектор.

133

Работник од Куманово го загуби животот откако паднал од височина додека изведувал градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот во СВР Скопје.






„На подрачјето на Гази Баба, при изведување на градежни работи на објект во изградба, од височина паднал И.И. (52) од Куманово. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт“, соопштија од МВР.

На местото на трагичниот настан излегле полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот бил известен и трудов инспектор.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини