ПОЖАР ОД ТРЕВА ЗАПАЛИ ДВЕ ВОЗИЛА Огнот се проширил до паркингот

Пожарот избувнал на тревна површина во близина на паркинг на улицата Петре Прличко, а оштетени се две патнички возила. Повредени лица нема.

40

Две патнички возила се оштетени во пожар што вчера попладне избувнал на тревна површина во близина на паркинг простор на улицата Петре Прличко во Велес, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Велес, а пожарот избувнал околу 13:30 часот. Огнот од тревната површина се проширил до паркингот, при што биле оштетени патничко возило „Тојота“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 40-годишната С.Ќ.Н. од Велес, како и патничко возило „Шкода“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 53-годишниот Д.Т. од Велес.






Од МВР соопштија дека во пожарот нема повредени лица.

„Пожарот бил изгаснат од случајни минувачи и припадници на Територијалната противпожарна единица Велес, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Причините за избувнувањето на пожарот се утврдуваат.

Поврзани содржини