ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ САМО ПОМЛАДИ ОД 30 ГОДИНИ Измени во Законот за студентски стандард

Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред.

53

Во Собранието се доставени предлог-измени на Законот за студентски стандард со кои се заоструваат условите за сместување во државните студентски домови и се утврдува горна старосна граница од 30 години за добивање и користење на место во дом.

Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред, како што се:






– пушење во собите,

– внесување и употреба на алкохол,

– оштетување инвентар,

– пуштање гласна музика и

– неодржување на хигиената во просториите.

За потешки повреди може да се изрече забрана за користење на услугите на студентските домови на целата територија на државата во траење од една до пет години. Такви повреди се, меѓу другото, внесување и употреба на алкохол во собите, отстапување на соба на друго лице со остварување материјална корист и нередовно плаќање станарина.

Поврзани содржини