НИКОЛОСКИ Е ОПТИМИСТ ДЕКА ЌЕ СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ СТРУГА – ЌАФАСАН Се чека одлуката на УНЕСКО и да се избере трасата

Вицепремиерот очекува Охридскиот Регион да го задржи статусот на заштитено подрачје во УНЕСКО и најави дека работите ќе бидат многу појасни по генералното собрание на УНЕСКО, што ќе се одржи следната недела во Јужна Кореа. 

75

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по посетата на Мисијата на УНЕСКО, многу поголем оптимист е за изградбата на автопатската делница Требениште – Струга – Ќафасан, за која вели дека останува само да се избере трасата.

– Во однос на изградбата на автопатот, веќе не е прашање дали ќе се гради, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања целосно да се забрани, сега е само прашање да се избере трасата. Тоа е веќе многу попозитивно затоа што дали ќе е еден километар полево или подесно, на крајот на краиштата, ќе се реализира, така што сум многу, многу поголем оптимист по завршувањето на Мисијата, која нè посети – изјави Николоски при посетата на Тетово.






Тој очекува Охридскиот Регион да го задржи статусот на заштитено подрачје во УНЕСКО и најави дека работите ќе бидат многу појасни по генералното собрание на УНЕСКО, што ќе се одржи следната недела во Јужна Кореа.

– Во однос на мисијата на УНЕСКО бевме заедно со заменик министерката. Таму водиме една силна битка, но мислам дека е многу, многу значајно што успеавме да донесеме преку 10 амбасадори на земји членки на УНЕСКО – тие се тие коишто гласаат, да ја посетат нашата држава. Следната недела по генералното собрание во Јужна Кореа работите ќе се појасни во однос на најкритичната точка  – дали ќе оди охридскиот регион како загрозено подрачје. Не сакам прерано да давам изјави, но мислам дека ќе успееме да го избегнеме тоа – рече Николоски.

Поврзани содржини