🎥 ПО СУДЕЊЕТО СО БЛЕЈК ЛАЈВЛИ, ЏАСТИН БАЛДОНИ И НЕГОВАТА СОПРУГА ПРОГОВОРИЈА „Се опоравуваме“

Емили и Џастин Балдони се осврнаа на правниот спор речиси две години откако Блејк Лајвли го тужеше режисерот за сексуално вознемирување и одмазда

168

Џастин Балдони (42) проговори јавно за првпат откако постигна спогодба во неговиот долготраен и медиумски многу проследен правен спор со неговата колешка Блејк Лајвли (38). Актерот и режисер, заедно со неговата сопруга Емили Балдони (41), објавија видео на Инстаграм во кое за прв пат се осврнаа на периодот што го поминаа.

На почетокот на видеото, тие велат:






– Не сме проговориле јавно речиси две години, и тоа не е затоа што немавме што да кажеме, затоа што, верувајте ми, имавме.

Балдони објасни дека во текот на целиот случај, кој вклучуваше меѓусебни тужби со Блејк Лајвли, бројни медиумски извештаи и на крајот доверлива спогодба, тие постојано размислувале да излезат во јавноста, но сметале дека времето не е вистинско. Двојката откри дека се молеле за вистинскиот момент да проговорат, а Емили рече:

– Ова ни се чини како вистинскиот момент. Она што ни се чини важно е што денес искрено можеме да кажеме дека чувствуваме огромна благодарност за многу работи, за многу луѓе и за сè што ни се случи.

Џастин се надоврза на тоа со кратка порака: Благодарноста нè спаси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Baldoni (@justinbaldoni)

Лајвли и Балдони глумеа заедно во романтичната драма базирана на истоимениот роман од авторката Колин Хувер (46) „It Ends With Us“.

Самиот филм предизвика речиси невидена контроверзност. Блејк Лајвли беше критикувана поради веселите и раскошни цветни комбинации што ги носеше додека го промовираше филмот, со оглед на тоа што филмот се занимава со темата на семејно насилство. Таа се најде на мета на критики за тоа што не покажала поголемо ниво на свест за сериозноста на темата во интервјуата, додека дополнителни реакции беа предизвикани поради промовирањето на нејзиниот сопствен бренд производи за коса и поддршката на новиот филм на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс (49).

И самиот филм не беше поштеден од контроверзии, при што критичарите посочија дека наводно има премногу површен пристап кон исклучително сложено и чувствително прашање. За време на промотивната турнеја, се зборуваше и за тоа како главните актери всушност не можат да се поднесат еден со друг.

Потоа Блејк Лајвли поднесе федерална тужба против Џастин Балдони и неговите соработници, обвинувајќи ги за кршење на американските федерални и калифорниските закони. Во својата тужба, Блејк тврдеше дека Џастин сексуално ја вознемирувал додека режирал и глумел во филмската адаптација на бестселерот на Колин Хувер – тврдејќи дека коментирал за нејзиниот изглед по породувањето, зборувал за порнографија и ја бакнал без нејзина согласност за време на снимањето – иако тој ги негираше нејзините тврдења. Правниот спор заврши по две години, а актерот им призна на фановите преку социјалните мрежи:

– Се опоравуваме. И ако некогаш сте поминале низ нешто трауматично, знаете дека закрепнувањето не е линеарно, дека секој ден изгледа различно и дека моравме повторно да преиспитаме што е вистинско, а што важно.“

 

 

 

 

Поврзани содржини