ВО АМЕРИКАНСКИТЕ НАПАДИ ЗАГИНАА 14 ЛУЃЕ, А 78 СЕ ПОВРЕДЕНИ Иран вели дека САД го прекршиле примирјето

Шефот на Центарот за односи со јавноста и информирање на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур, објави на Х дека САД на 7 и 8 јули извршиле напади врз пет ирански провинции, пренесе Ирна.

0

Најмалку 14 лица загинаа, а 78 се повредени во американските напади врз иранските провинции во изминатите 48 часа, соопшти денеска иранското Министерство за здравство, истакнувајќи дека ударите биле извршени и за време на важечкото примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.

Шефот на Центарот за односи со јавноста и информирање на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур, објави на Х дека САД на 7 и 8 јули извршиле напади врз пет ирански провинции, пренесе Ирна.






Според него, 47 од повредените лица сè уште се наоѓаат на болничко лекување, додека останатите биле отпуштени по укажаната медицинска помош. Иранските власти не соопштија дополнителни детали за локациите на нападите.

Поврзани содржини