🎥 НА 36 ГОДИНИ НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА БРИТАНСКА ПЕЈАЧКА Лорен Бенет се прослави по еден глобален мега хит

Британската пејачка, позната како членка на женската група G.R.L. и по соработката со ЛМФАО, почина неколку недели пред својот 37. роденден

78

Британската пејачка Лорен Бенет, најпозната како членка на женската група G.R.L. и како вокалот зад светскиот хит „Party Rock Anthem“ на дуото LMFAO, почина на 36-годишна возраст.

Тажната вест ја потврдија нејзините колешки и пријателки преку официјалниот профил на групата на Инстаграм.






– Со голема тага ја споделуваме веста за заминувањето на нашата сакана Лорен. Срцата ни се скршени и не можеме ни да почнеме да објаснуваме колку ни значеше. Засекогаш ќе ги чуваме љубовта, смеата и безбројните спомени што ни ги подари. Нејзиниот прекрасен дух допре до многу животи, многу ќе ни недостига и засекогаш ќе биде сакана. Почивај во мир, драга Лорен. Секогаш ќе бидеш во нашите срца – напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by G.R.L. (@grl)

Иако причината за смртта засега не е официјално соопштена, американските медиуми наведуваат дека според извештај на локалниот судски вештак, Бенет починала во Англија уште на 29 мај, само неколку недели пред својот 37. роденден. Истрагата за околностите на нејзината смрт е закажана за октомври.

Моментот што ја прослави ширум светот се случи во 2011 година, кога го отпеа препознатливиот рефрен и музичкиот мост во песната „Парти рок ентем“ на ЛМФАО. Нумерата стана глобален мегахит и една од најпопуларните песни на своето време, неизоставен дел од забавите и летните музички листи.

 

 

Музичката кариера на Лорен Бенет започнала во нејзината родна Англија, каде како тинејџерка настапувала на локални музички натпревари и се појавила во шоуто „Икс фактор“.

Нејзиниот талент наскоро ја однел во Лос Анџелес, каде што на само 17 години се приклучила на групата „Paradiso Girls“. Групата ја основала кореографката Робин Антин, креаторка и на светски познатите „Пусикет долс“, а проектот бил замислен како европска верзија на успешниот женски состав.

Иако групата не постоеше долго, во 2009 година оствари забележителен успех со синглот „Patron Tequila“, на кој гостуваа раперите Лил Џон и Ив. Песната стигна до третото место на американската листа за денс-хитови, носејќи ѝ го првиот поголем успех на американската музичка сцена.

По распадот на групата во 2010 година, Бенет продолжи со соло кариера и соработуваше со повеќе познати музичари, меѓу кои Си Ло Грин и Вил Ај Ем, градејќи го својот препознатлив музички пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LARKSPUR (@larkspurcountrymusic)

Нејзината смрт ги потресе обожавателите и музичката индустрија, кои деновиве се простуваат од пејачката чиј глас остана препознатлив дел од една од најголемите поп и денс химни на минатата деценија.

 

Поврзани содржини