📽️ МЕРКИ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ПО НАПАДОТ СО НОЖ ВО МАЏАРИ Го сечеле момчето по телото откако го истепале и исклоцале

Тројцата осомничени за нападот со нож врз малолетник во скопско Маџари би можеле да останат без патни исправи и да добијат забрана за контакт со момчето и со неговото семејство. Јавен обвинител предложи мерки за лицата. Во меѓувреме продолжуваат вештачењата и собирањето докази за случајот.

160

Јавен обвинител предложи мреки за претпазливост за тројцата осомничени дека нападнале малолетник во паркот во скопско Маџари. Основното јавно обвинителство соопшти дека се работи за насилство врз дете родено во 2011 година.

„Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото“, вели ОЈО за осомничените.






Случајот за кој се пишуваше минатата недела ја потресе јавноста откако се прошири вознемирувачко видео.

Медиумите минатата недела ја пренесоа изјавата на родителите на момчето кои тврдат дека нивниот син бил избоден 7 пати во грбот и побараа од полицијата да го расчисти случајот. Родителите велат дека момчето било пресретнато од напаѓачите, а било упатено да се сретне со своите братучеди.

Обвинителството ги соопшти предложените мерки за осомничените напаѓачи. Тие вклучуваат – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, забрана за посетување на местото каде се случил кривично-правниот настан, забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители.

Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази.

Случајот е потврден и од Министерството за внатрешни работи. Во полицискиот билтен е наведено дека на 22 јуни околу 23:05 часот било пријавено дека на подрачјето на Општина Гази Баба малолетник бил физички нападнат од 3 лица.

Според родителите, нападот се случил дента околу 21:30 часот. Момчето излегло од дома за да се сретне со братучедите и се движело кон улицата Финска, а било пресретнато пред да стигне на договореното место.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

ВОЗНЕМИРУВАЧКО 📽️ 14-ГОДИШНИК НАПАДНАТ ВО ЧЕНТО Му нанеле 7 убоди па избегале, го пронашол случаен минувач

 

Поврзани содржини