ТРАМП ВО АНКАРА ЌЕ ИМА СРЕДБА СО ЗЕЛЕНСКИ Ќе разговараат за ставање крај на војната со Русија

Самитот на НАТО се одржува во главниот град на Турција, Анкара на 7 и 8 јули.

127

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на Самитот на НАТО во Турција ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неименуван извор од Белата куќа истакна дека Трамп и Зеленски ќе разговараат за завршување на војната со Русија,

Бојното поле очигледно е замрзнато изминатите неколку месеци и ниту една страна не постигнува голем напредок. Претседателот ја чувствува итност да се обиде да го спречи тоа, посочи неименуваниот извор.






Предвидено е Трамп во Анкара да пристигне на 7 јули, а прва средба ќе има со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека Трамп, исто така, ќе ги повика сојузниците на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана.

Самитот на НАТО се одржува во главниот град на Турција, Анкара на 7 и 8 јули.

Поврзани содржини