ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВОВЕДЕ НОВА МЕТОДА ЗА ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОСТИКА НА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Тимот за интервентна кардиологија прв ја употреби методата

Оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите

107

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” –  софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство.

Во објавата на  Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите.






-Ова е значаен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика во нашата земја и уште еден показател дека нашите здравствени установи чекорат во чекор со најсовремените светски трендови во медицината – појаснуваат од  МЗ.

Поврзани содржини