ПОТВРДЕНИ ДВА СЛУЧАЈА НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Граѓаните кои по убод од комарец развијат висока температура и други симптоми да се јават на лекар
Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.
Два случаја на Западнонилска треска лабораториски се потврдени, информира Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
-Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информираат од клиниката.
Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.
Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.
Граѓаните кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош.