АЛАРМ ЗА НЕВРЕМЕ ВО ТРИ РЕГИОНИ Сончево време со силен ветер

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

173

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне брзина до 60 километри на час.






Минималната температура најниско ќе се спушти во берово и во Маврово, до 13 степени. Најтопло ќе биде во Демир Капија со температура до 34 степени.

Фото: УХМР

 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 32 степени.

За три региони е издаден аларм за невреме.

Фото: УХМР

 

За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина до 60 километри на час.

Во понеделник и деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и со грмежи.

Фото: УХМР
Поврзани содржини